Популарно наречениот р’тм на кејот на Кочанска река задржа џип да не слета во коритото на реката, после сообраќајката што се случи утринава околу 7 часот во центарот на Кочани на крстосницата на двојниот мост наспроти Шопинг центарот, објави Радио Кочани.

Комбе на пекара марка „Мерцедес“ удрило во џип „Ренџ Ровер“ кој се движел по еднонасочната улица „Маршал Тито“. Несреќата завршила со телесни повреди кај возачите на двете возила.

Полицијата допрва ќе информира за оваа сообраќајна несреќа откако ќе биде комплетиран случајот после извршениот увид.

📸