Во сообраќајната незгода што пред дваесетина минути се случила на железничкиот премин кај поранешна „Порцеланка“ според првичните информации на Итна медицинска помош има многу повредени и нивни екипи се наоѓаат на лице место.

До сега, 12 повредените пациенти се транспортирани во велешка болница.

– Патничкото комбе коешто удри во железничкото превозно средство е во сопственост на автопревозник „Лаби“, објави локалниот портал дума.мк.

Со повеќе информации во најскоро време.