Припадници на косовската полиција од редовните единици, од албанска националност, од вечерва влегуваат во северниот дел на Митровица со цел да го зголемат присуството во деловите на градот каде живее етнички мешаното население, меѓу кои пред се Албанци.
Целта на пристигнувањето на овие единици е исклучиво „да се заштитат етнички мешаните делови од градот, а по неколкуте поплаки на Албанците од северот дека не се чувствуваат безбедни“, изјавија за KoSSev од косовската полиција, пренесува српски N1.
Како што јавуваат, набргу по најавата на косовската полиција дека ќе го засили присуството на север, а во екот на најновите тензии по завчерашните инциденти, голем број полицајци се забележани во бошњачкита маала во северниот дел на Митровица, како и во други делови од градот, соопшти вечерва косовската полиција.
Полициски службеници се распоредени во помали групи, а забележлив е и помал број на граѓани.
Без инциденти, ЕУЛЕКС патролира низ градот
До 22 часот на улиците на Северна Митровица е мирно, нема инциденти. Во градот патролираат и припадници на ЕУЛЕКС, ситуацијата е мирна
.
Фрлени две шок бомби
Припадниците на специјалната единица на косовската полиција фрлиле и две шок бомби.
Граѓаните се собираат на улиците, затворени се сите кафулиња
Граѓаните на Северна Митровица се собираат на улиците, зборуваат за се што се случува во последните неколку дена, тензично е, но без инциденти. Сите кафулиња се затворени, а жените и децата се засолниле од улиците, јавува Косово-онлајн.
Според сознанијата на КОСС од полицијата, набљудуваните полициски службеници се дел од редовни единици, а распоредени се во подрачја со мешано население по претходни инциденти и поплаки од граѓани дека не се чувствуваат безбедно.
Косовската полиција вечерва соопшти дека во наредните денови ќе го зголеми присуството на Северот.
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља вечерва соопшти дека косовската полиција има мандат и задача да обезбеди безбедност, да го гарантира редот и владеењето на правото.
„Последниве денови, по последователните вооружени напади врз полицајци и граѓани на северот на земјата, неопходно е да се зголеми присуството на полицијата за да се обезбеди безбедноста на сите граѓани“, рече Свечља на Фејсбук, истовремено барајќи од граѓаните да останат смирени и да соработуваат со полицијата.
Најмалку два инцидента придружени со сирени се случија завчера во Зубина Поток и Северна Митровица, кога новоименуваните членови на општинските изборни комисии се обидоа да влезат во просториите на ОИК на север, придружувани од косовската полиција. Србите ги спречија во тоа.
📸
📸
И додека инцидентот во Зубин Поток заврши мирно, со интервенција на полицијата, во Митровица, според официјални извори, во просториите на ОИК биле фрлени две експлозивни направи, од кои едната експлодирала, а другата била отстранета.
Белград и Приштина меѓусебно се обвинуваат за новите инциденти на северот.
Be the first to write a comment.