Неколку аеродроми во Шпанија го затворија воздушниот простор поради неконтролирано паѓање на делови од кинеска ракета.
Аеродромите во Барселона, Тарагона, Ибица и Реус го затворија воздушниот простор. Овие аеродроми се очекува да бидат затворени околу 40 минути, додека на Ибица тоа би можело да трае и до 3 часа.
Портпаролот на Агенцијата за цивилна заштита на Каталонија потврди: „Поради ризикот поврзан со преминувањето на вселенскиот објект CZ-5B преку шпанскиот воздушен простор, летовите се откажани од 9:38 до 10:18 часот во Каталонија.
„Евроконтрол не информираше за неконтролирано влегување на кинеска ракета во земјината атмосфера.
Be the first to write a comment.