Најдобриот бугарски фудбалер, Кирил Десподов, во интервју за националната телевизија на нашиот источен сосед рече дека голот за победа во Скопје против Македонија во септември, му е омилен во кариерата, и негираше дека има македонско потекло, како што се пишувало по медиуми.

Десподов е од Кресна, град во југозападниот дел на Бугарија, кој во минатото бил дел од Пиринска Македонија.

„Написите дека Македонец ја победил Македонија? Ако ги прашате нив, тие ќе си го присвојат и Роналдо. Тоа е несериозно. Тоа што сум од Кресна која е блиску до границата со Македонија, не значи дека сум Македонец. На мојот пасош стои бело-зелено-црвено знаме“ – вели Десподов.

„Голот во Скопје ми е еден од најважните во кариерата. Знаевме дека тоа ќе биде нешто повеќе од фудбал. Ни ја исвиркаа химната и тоа ме раздразни. Ги победиме и ја заштитивме Бугарија“ – рече ѕвездата на Лудогорец.