Популарната скопска фаца Петар Георгиевски, познат како Камиказа на социјалните мрежи се пожали дека бил мета на крадци.

Поточно, како што соопшти Георгиевски, украден е неговиот велосипед Aria e-bike, кој е еден од можеби вкупно само 10 – те на цел Балкан.

– Ноќва од гаража ми е украден точаков. Тој е Arija e-bike и еден од можеби 10 – те на цел балкан. Нема никаква вредност без батеријата и полначот. Доколку некој има било каква информација, следува богата награда, напиша Камиказа.

Овој модел на велосипед чини околу 5.000 евра.