Од болница се огласи сопругата на пејачот Бојан Васковиќ од бендот Лексингтон, Александра. Имено, нивната ќерка Хелена е родена со срцева маана.

Александра Васковиќ сега проговори од болница и откри како се чувствува нивната ќерка по речиси еден месец. Таа се заблагодари на зборовите за поддршка и кажа дека бебето е оперирано, како и моменталната состојба.

– Сè уште сум во болница со неа и ја чекам да излезе. Таа е на интензивна нега, добро закрепнува и сите сме навистина позитивни и оптимисти. Ваквата операција бара подолго опоравување и таа беше оперирана многу мала, па се уште чекаме, веруваме и се надеваме – вели Александра во видеото кое го објави на својата инстаграм приказна.

Храбрата Александра кога се породи се огласи на споменатата социјална мрежа и со емотивна порака многумина беа вознемирени бидејќи третото дете на Бојан Лексингтон мораше да биде оперирано на само десет дена.

– Драги мои, најпрво сакам да ви се заблагодарам за прекрасните честитки и убави желби по повод раѓањето на нашата ќерка Хелена. Чувствувам потреба да ви се обратам, бидејќи бевте со мене во текот на целата бременост, а дојде време да го споделам она што некако го навестив, а тоа е дека и по породувањето нè очекува период на неизвесност и големи предизвици. Имено, во средината на бременоста, како дел од редовните прегледи, беше откриено дека нашето бебе има вродена срцева маана која ќе мора хируршки да се коригира во првите недели од животот на бебето – напиша Александра на Инстаграм, додавајќи:

– Соочувањето со тоа сознание само по себе беше трауматично, но решивме да му дадеме шанса на животот, а јас ја продолжив бременоста, обидувајќи се да ја носам со радост и верба во што е можно попозитивен исход. И навистина, освен тоа сознание, сè беше во најдобар ред до самиот крај, вклучувајќи го и раѓањето, кое е најубавото породилно искуство досега, но за тоа друг пат. Сега се соочуваме со најтешкиот период од нашите животи додека ја чекаме нашата храбра ќерка да ја води својата најважна битка во животот.

– Таа е оперирана, во процес е на опоравување и се што имаме сега е молитва и трпение. Во наредниот период нема да се огласуваме ниту да одговараме на пораки бидејќи сите наши мисли и енергија се насочени кон неа и семејството. Ви благодариме за поддршката и разбирањето – изјави тогаш сопругата на познатиот пејач.

Да потсетиме, Бојан и Александра веќе ги имаат ќерката Анѓелина и синот Михајло.