Играчот за врска од Јужен Судан, и репрезентативец на оваа држава, Кур Гаи Кур ќе биде новиот играч за врска на тимот на Работнички.

Досегашниот член на тимот на Нови Пазар во Србија доаѓа во Дебар Маало како засилување кое ќе го подигне нивото на тимот, затоа што резултатите во изминатиот период не беа како што треба.

Она што е многу важно да се напомене е дека играчот роден 2000 година целата своја досегашна кариера ја има минато во Австралија и има настапувано за Аделаида Сити.