Вториот гол на Јапонија против Шпанија кој на крајот се покажа како победнички, крена многу прав, дилемата е дали топката ја помина гол линијата или не.

Од различни агли се гледа различно, па се разви голема дебата дали е гол аут или ситуацијата е регуларна.

Правилото е јасно, топката со целиот обем треба да ја помине линијата за да биде гол аут.

Јасно е дека лежиштето на топката не е на линијата, но воздушниот дел со целиот обем не ја поминува линијата. Можеби само за еден милиметар, но од горната камера се гледа дека фаќа на линијата.

На ова видео некој се потрудил многу пластично, народно да ја објасни целата забуна.