Инфлуенсерката Ела Дворник на својот канал на Јутјуб објави видео кое привлече големо внимание.

Освен што го прикажа процесот на ставање на нов пирсинг, меѓу веѓите, Ела Дворник на своите следбеници им покажа и што содржат кутиите за подароци на еден од брендовите со кои соработува. Станува збор за срамни играчки.

Таа пред камерата покажа што има во пакувањето, а се работеше за вибратори со различни големини и најчесто во црна и виолетова боја. Во кутиите имало и лисици, камшик…

И самата Ела била шокирана од одредена содржина на кутиите и објаснила дека не е експерт во таа област и дека од нивниот изглед може само да заклучи како и за што се користат овие играчки.

За време на снимањето на видеото пристигна и нејзиниот сопруг Чарлс Пирс, кој како што може да се слушне на видеото се смееше зад камерата. Исто така, во неколку наврати и помогнал да разбере за што се работи.

На многумина им се допадна ова видео бидејќи, како што истакнаа во коментарите, ги насмеа до солзи.