Бугарите се похрабро покажуваат креативност кога ги крштеваат своите деца, објави БНТ. Некои од традиционалните бугарски имиња очигледно се менуваат со помодерни звучни имиња.

Научниците од Бугарската академија на науките дошле до овој заклучок откако спровеле истражување за тоа како Бугарите во различни делови на земјата ги крштевале своите деца цели 10 години.

Кои се најнеобичните имиња?

Станува збор за имиња како Деваила, Дејанира, Зоринела, Кристиандра, Ода, Благодара, Милозара, Тедислава, Радостијан и Радајан.

– Креативноста со женските имиња е дефинитивно поголема. Истражувањето што го направија научниците од БАН опфаќа неколку региони низ земјата, набљудувајќи како луѓето ги крштеваат своите деца во последните 10 години, пишува БНТ.

Во Софија, на пример, омилено женско им е Софија и машко Калојан. Истражувачите ова го објаснуваат со блиската Бојанска црква жжж, која го има ликот на Севастократ Калојан.

Во Видин омилени се имињата Кристијан и Александар. А во Варна, можеби логично, едно од најчестите имиња е Марина.

– Во Бугарија, знаете, од 2007 година нема ограничувања за тоа кој како сака да го крсти своето дете. Но, некои веројатно се сеќаваат и на времињата кога постоеја бели листи, пишува БНТ.

“Последниве години се оживуваат имињата кои не поврзуваат со нашето историско минато – имиња на владетели. Затоа се избираат имиња како Самуил, Калојан, Тервел, Борис. Имињата Викторија и Никол се најпопуларни, вели ас. д-р Надежда Данчева.

Иванка и Стефка се поретко се впишуваат во изводот на родените. Наместо тоа, родителите ги избираат Џоана и Стефани. Пред неколку години можеби звучеше премногу екстравагантно, но денес родителите избираат да создаваат сосема нови имиња.

„По овој модел се формирани имиња како Цветодара, Благрада, Цветослава, Живомир. Се помалку се среќава името Христо, за разлика од Кристијан кое еволуира, а ретко се среќаваат и Христина или Христинка. Сега ги имаме Кристина, Крисија, вели Данчева.

И иако е намален увозот на странски имиња, на списокот со имиња во БАН има и некои на светски ѕвезди.

„Употребата на имиња како Адел, Лео, Роналдо станува се почеста“, вели Данчева.

Истражувачите паметат и имиња како Салфетка или Канарче, но во праксата во Бугарија нема забрането име и се е оставено на фантазијата на родителите.