Атрактивната хрватска навивачка Ивана Кнол е главна сензација на Мундијалот во Катар поради нејзините заводливи облини на кои никој не остана рамнодушен, па дури и шеици ја фотографираа пред неколку дена.

Дека Ивана не планира да престане да прооцира покажува нејзината најнова фотографија на Инстаграм, на која отиде чекор подалеку, па позира во танга, додека во позадина се гледа бујниот задник.

Хрватската навивачка и манекенка објасни дека и е исклучително удобно да ја носи својата провокативна облека за Светското првенство без страв од апсење во Катар.

Ивана Кнол рече дека на почетокот била „бесна“ откако ги прочитала ограничувањата за облекување за оваа држава од Персискиот залив, а посетителите се советувани да се „облекуваат скромно“ во јавноста.

Сепак, 26-годишната девојка рече дека властите „не и задаваат проблеми“. Нејзините објави на социјалните мрежи за време на патувањето исто така покажуваат дека таа носи костими за капење и бикини. И на последниот натпревар на Хрватска, Ивана Кнол беше оскудно облечена.

На прашањето дали чувствува дека постои ризик да биде уапсена поради нејзината облека, таа рече:

– Никогаш не се плашам од такво нешто – а потоа додаде:

– Кого може да го повреди мојот фустан или бикини? Објаснете ми ве молам – изјавила Хрватката за странските медиуми.

Последната објавена фотографија на Ивана Кнол од Катар, на која вели дека ужива во Доха