Згасна животот на младата скопјанка Марија Мери Манчева, посебна мајка, мајка која праеше се за своето дете со посебни потреби.

Марија Манчева беше самохрана мајка, мајка која беспоштедно се грижеше своето дете со посебни потреби Теодор, кое боледува од Вест синдром. Мајка на која животот и удрил многу шамари, но таа сепак продолжи да се бори и не се откажува.

Секој ден за неа беше нов предизвик со посебна тежина, а за да биде овој удар уште потежок на Марија и се појави КАНЦЕР НА БРОНХ, болест за кои не постоеше операција.

Марија Мери Манчева

Марија секој ден велеше ЈАС МОРАМ ДА ЖИВЕАМ, јас не можам Теодор да го оставам сам, што ќе прави без мене, кој ќе го гледа??

Нека почива во мир, нека ѝ е светол патот 🕊🕊🕊