Припадници на српската Служба за борба против организиран криминал (СБПОК) и полициската управа во Нови Сад во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград уапсија членови на криминална група поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело изнуда.
Двајца осомничени се уапсени во белградски ресторан по примопредавањето на дел од парите од жртвата, додека другите се уапсени во Белград и Нови Сад.
Налогодавачот М.М.(41), како и Б.Р.(34), Ќ. P. (38), У. Ќ. (30) и Б.А.(34) кои се осомничени дека во последните 10 дена под закана по живот од оштетениот изнудиле поголема сума пари и автомобили.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.
Be the first to write a comment.