Три возила се оштетени вчера попладне од паднато дрво во популарното бугарско скијачко место Пампорово.

Ураганскиот ветер, придружен со дожд, беснееше неколку часа во оваа област. Три автомобили биле згмечени од огромна ела која паднала врз нив на паркингот пред хотел. За чудо, според очевидци немало жртви.

Силниот ветер соборил дрвја и на неколку други места во одморалиштето.

– Дрвата кои паднаа врз трите автомобили во Пампорово се дел од Државниот шумарски фонд, соопшти заменик директорот на Државниот шумарски фонд, Асен Карабов. Уште минатата година, Јужноцентралното шумско стопанство им нареди на сопствениците на комплексот да отстранат дел од дрвјата кои се наоѓаат во непосредна близина на паркингот.

📸

📸

📸