Навивачите кои пристигнаа во Катар за да го следат Светското фудбалско првенство, однапред беа предупредени на што треба да внимаваат и дека азиската држава ќе инсистира на почитување на сопствените правила и култура на однесување и за време на мундијалот.

Законите се строги во однос на прекршувањето на правилата, а блиску до непријатна епизода е најатрактивната навивачка на мундијалот, Хрватката Ивана Кнол.

Атрактивната Кнол на својот Инстаграм профил објави фотографии и видео од своето позирање низ Доха и околните плажи, но начинот на кој е облечена може да и донесе сериозен проблем со катарските власти.

Катарските фанови веќе го коментираа нејзиното однесување, пишувајќи и што мислат за нејзините потези на објавените фотографии.