Сообраќајна незгода во која учествуваа три возила се случи вечерва на раскрасницата помеѓу улицата „Франклин Рузвелт“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Во неа учествуваа едно возило на таксти компанија, голф и сеат леон, објави порталот skopjeinfo.mk.

Според првичните информации во несреќата нема повредени, а очевидци од терен потврдуваат дека трите автомобили се со сериозни оштетувања. Во моментов сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

ФОТО: skopjeinfo.mk

Повеќе информации од Министерството за внатрешни работи во текот на утрешниот ден.