Во сообраќајна несреќа на булеварот „Крал Александар“ во Белград загина пешакот М.Л.(26).

Првите резултати од истрагата укажуваат дека во пешакот на обележан пешачки премин удрил автомобил „ауди А3“ управуван од момче (23 години).

Екипата на Итна помош констатирала смрт, а како што велат за „Блиц“, едно лице е пренесено во Воено медицинската академија (ВМА).

Пешакот М.Л.(26), кој загина во сообраќајната несреќа ја преминувал улицата држејќи се за рака со својата девојка.

Девојката со која починатиот млад човек ја минувал улицата не е повредена, туку е пренесена во ВМА, а сведоци од местото на настанот велат дека била во шок.

Во „аудито“ бил возачот (23), кој исто така бил со својата девојка, која била згмечена, а двајцата биле пренесени во ВМА.

Според очевидци, причина за несреќата била непрописната брзина поради која возачот не можел навреме да закочи на пешачкиот премин.

Според очевидци, возачот на аудито изгубил контрола при обидот да закочи, а потоа удрил во зградата. Автомобилот е целосно згмечен од напред.

Комбето од погребната служба го однело телото на младиот човек. Очевидци велат дека младиот човек кој го усмртил пешакот бил целосно избезумен.

📸