Српската полицајка (27) од експлицитната снимка која неодамна ја шокираше регионалната јавност, била пуштена да се брани од слобода откако била сослушана поради сомнение за проституција.

Пред два месеци, да потсетиме, се појави снимка на која се гледа како припадничка на српското МВР задоволува колега во тоалетот на полициска станица, а млада полицајка од југот на Србија вчера по истрага била приведена на работното место.

Како што дознаваат српските медиуми, колегите и пришле кога дошла на работа во полициската станица во Белград и ѝ рекле да ја соблече униформата и да се пресоблече. После тоа и ставиле лисици на рацете и ја однеле на распит.

Полицајката не сакала ништо да коментира, но веднаш повикала адвокат, а по рочиштето била пуштена да се брани од слобода. На рочиштето таа наводно не сакала ниту да коментира за сметката на која добивала уплати од по 1.000 евра.

– Малку подоцна, според нашите сознанија, приведена е и една нејзина познаничка, која на рочиштето признала дека се занимавала со проституција, а наводно открила и за кого работела. Се сомнева дека тие две давале услуги како пар, а тоа го потврдуваат и видеата на кои се гледаат како задоволуваат непознат маж. На една од снимките, меѓу другото се гледаат полицајката и уште едната приведена девојка за време на садо-мазо, објавија медиумите.

– Цената на нивната услуга зависеше од клиентите. Од вечер знаеле на богатите муштерии да им наплатат и 1.000 евра. Тие две постојано се дружат со една учесничка во шоуто Задруга. Тие се многу блиски и речиси неразделни – вели извор од истрагата.