Познатиот активист и бизнисмен Роберт Милески кој по потекло е од Струга, вечерва на својот Фејсбук профил објави дека преку 20 кучиња нападнале 14 годишно дете.
Вака вчера изгледаше пред скалите на градскиот пазар во Струга – локва крв од искасапена жена од глутница крволочни кучиња, напиша Милески.
– Да не е полошо, вечерва нов напад на преку 20 кучиња врз 14-годишно дете. Се молат членовите на Анима Мунди да дојдат во Струга и да вдомат по едно улично куче, како што направив јас, наместо само да паламудат кога жртвите се кучиња, напиша Милески.
Роберт Милески е македонски бизнисмен кој потекнува од Струга а скоро две декади напредува со својата компанија за информатика во Германија.
Дипломираниот инжењер по информатика е голем активист на социјалните мрежиж. Тој е еден од оние кои што за момент ја подржуваа шарената револуција верувајќи дека луѓето се борат за подобра Македонија.
Be the first to write a comment.