Во босанскиот град Тузла утрово на улицата „Маршал Тито“ се случи семејна трагедија во која животот го загуби едно лице.
Според неофицијални информации, сопругот ја убил сопругата, пренесуваат босанските медиуми. Мажот (С.М.) е во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот.
По доаѓањето на местото на настанот во станот било пронајдено безживотно тело на жена и маж со прострелни рани, соопшти босанското МВР.
Истрагите ги вршат дежурниот кантонален обвинител на Обвинителството на кантон Тузла, службеници на Одделот за криминалистичка полиција на полицискиот оддел на Министерството за внатрешни работи и Одделот за криминалистичка полиција на ПУ Тузла.
Истрагата за овој инцидент е во тек.
📸
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.