Тешка сообраќајна несреќа се случила во босанско Крушево, недалеку од Мостар.

Возач на автомобил „пежо“ налетал на коњ на патот Мостар – Читлук. На местото на настанот има итна помош која му помогнала на повредениот возач.

Сè уште не се знае степенот на повредите. Полицијата врши увид, а за време на прекинот сообраќајот е пренасочен по алтернативни правци.