Индикации дека Русија подготвува голем воздушен напад врз Украина создава големата концентрација на бомбардери во воздухопловната база во близина на градот Саратов.

Според онлајн изданието на британскиот весник Дејли Мејл, околу 24 бомбардери со долг дострел Ту-95 и Ту-160 се собрани во воздухопловната база заедно со потребниот персонал за поддршка.

Треба да се напомене дека дури вчера рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу побара од руските власти да распоредат модерно оружје во Украина, додека Украинците сметаат дека нападите врз енергетската инфраструктура на земјата ќе се интензивираат во наредните часови.

Сликите од аеродромот каде што беа собрани руските бомбардери беа снимени на 28 ноември и првпат објавени од германскиот Der Spiegel.

„Невообичаено големиот број бомбардери на теренот е показател за зголемување на операциите, ако не и неизбежен напад од големи размери“, изјави воениот аналитичар Арда Мевлутоглу за списанието.

Невообичаено големиот број бомбардери на теренот е показател за зголемување на операциите, ако не и неизбежен напад од големи размери

Градоначалникот на Киев вчера ги повика жителите на главниот град на Украина да се снабдат со вода, храна и топла облека, во случај на целосно затемнување поради руските воздушни бомбардирања. Ако можат, жителите треба да размислат да останат со пријателите на периферијата на градот, рече тој.

Виталиј Кличко предупреди дека температурата во домовите може драстично да опадне доколку има затемнување и се уништи инфраструктурата доколку нема струја, вода, канализација и греење.

Украинците сметаат дека нападите врз енергетската инфраструктура на земјата ќе се интензивираат

„Температурата во становите можеби нема многу да се разликува од онаа надвор“, изјави поранешниот боксерски шампион на безбедносен форум организиран во Киев. Вчера во главниот град термометарот покажа -4 степени Целзиусови. „Апелирам до луѓето (…) да се обебедат со вода за пиење, долготрајна храна, топла облека“.

Многу електрани низ Украина беа затворени оваа недела по руските ракетни напади. Кличко ги повика оние кои можат, привремено да останат во домовите на пријатели или роднини на периферијата на Киев.

Сликите од аеродромот каде што беа собрани руските бомбардери беа снимени на 28 ноември и првпат објавени од германскиот Der Spiegel

Киевските власти организираа 430 места каде што луѓето можат да се загреат и да ги полнат своите мобилни телефони, но градоначалникот објасни дека оваа бројка не е доволна за град со 3,5 милиони жители. „Ни 500 места не би биле доволни, дури 5.000 би биле премалку“, нагласи тој.