Миа Костова веќе подолго време отворено кажува за својата определба и новата врска која ја има со својата партнерка Тијана. Двете деновиве уживаат во својот одмор во Албанија, од каде објавија и фотографии на социјалните мрежи.

Миа и Тијана живеат заедно и се беспрекорно среќни како што кажува Миа.

-Тијана ме извади од мртвите. Во време кога бев во една токсична љубовна врска, од која едвај успеав да избегам, таа беше тука. Ми се смачи веќе да се зборува за мојата сексуална ориентација, ко да е тоа којзнае што. Пред се Тијана е мој најдобар пријател и таа ме научи дека за љубов не треба да се трудиш, истакнува Миа во интервју за Репортер.

Во заедничката фотографија објавена на Инстаграм, Миа напиша

-Ти си мојот извор на среќа.