Фолк пејачката Елена Велевска заедно со неколкумина нејзини колеги од македонската естрада ужива и печали во Америка. Денес на социјалните мрежи познатиот тв водител и новинар Јанко Илкоски, или Јанко Јади Бурек на својот профил на Твитер сподели токму заедничка фотографија од Џорџ и Елена направена во далечната Америка за време на прославата за празникот Водици.

Но многумина од вас сигурно ќе се запрашаат кој Ѓорѓија Џорџ Атанасоски? и од каде толкаво богаство кај овој Македонец кој заминал на печалба уште во далечната 1970 година.

Ѓорѓија, Џорџ Атанасоски е исклучително голема, позната, призната и неодминлива личност во македонската дијаспора и во Македонија. Тој е без сомнение еден од економски најуспешните Македонци во светот.

Иако подолго време живее на Флорида, во Соединетите Американски Држави, од своето емигрирање до денес тој е длабоко и силно поврзан со судбината, вистината и настаните во Македонија. Џорџ Атанасоски е Македонец по националност и православен христијанин по вера. Тој е еден од најголемите иницијатори и организатори на одбраната на македонското име, особено на македонскот знаме од Кутлеш (Палатица).

Тој е бранителот и афирматорот на историјата и честа на македонскиот народ и Македонија во светот, посебно во Северна Америка. Во овие мигови на распетие на Македонија, кога Република Македонија е меѓународно призната, иако не под нејзиното уставно име, тој ги изложува своите погледи за можностите за македонски стопански, економски, културени верски препород, како и за натамошен демократски развој како суверена самостојна и независна држава на овие балкански ветрометини.