Вицепремиерот Артан Груби на социјалните мрежи се пофали како згледаат полициските униформи и симболи испишани и на албански јазик.

„Уште една успешно завршена мисија, како што ветивме! Веќе се спроведуваат во пракса измените на Уредбата за употреба на албанскиот јазик во полициските униформи и нивните симболи кои ги усвоивме претходно на владина седница“, напиша Груби на Фејсбук.

На униформите кои се предвидува да се употребуваат во општините каде најмалку 20 отсто од граѓаните зборуваат албански јазик, сега полиција пишува и на македонски, и на албански и на англиски јазик.

На социјалните мрежи се огласи лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев кој напиша дека „вистински професионален ПОЛИЦАЕЦ, кој се заколнал на служба на народот, Уставот и законите – ОДБИВА да облече ваква противуставна униформа“.

– Вистински професионален ПОЛИЦАЕЦ, кој се заколнал на служба на народот, Уставот и законите – ОДБИВА да облече ваква противуставна униформа која потсетува на окупациона зона, а не на унитарна Република. Ова е почетокот на кантонизацијата која ја воведе СДС, а ја премолчи ДПМНЕ. #МакедонскаПолиција, напиша Апасиев.

На социјалните мрежи се споделува одговорот кон Апасиев од ФБ страната „Приказни од Булеварот“.

– А вистински народни избраници одбиваат да земат плата од Парламентот кој се вика Собрание на Северна Македонија!!! Ајде за пример од вас нека почне! Од врвот! Пошто си народен пратеник. Доста е продавање муда за бубрези!!!, стои во објавата.