Патнички авион на „Галф ер“ кој летал од Бахреин кон Франција принудно слетал откако стјуардеса доживеала фатален срцев удар.

Авионот полетал во 22.22 часот на 22 ноември од аеродромот во Бахреин и се очекувало да пристигне на аеродромот Шарл де Гол во Париз околу шест часа по полетувањето.

Но, како што се приближувал до границата меѓу Турција и Ирак, авионот се пренасочил кон аеродромот во Ербил во регионот на Курдистан кога членот на екипажот доживеал срцев ударж..

Стјуардесата била пренесен во болницата во Ербил каде била констатирана смрт. Летот продолжил за Париз, додека телото на вработената било однесено од локалните медицински служби, соопшти Gulf Air.

Gulf Air во соопштението, според мрежата TradeArabia, соопшти: „Авиокомпанијата изразува длабоко сочувство до членовите на семејството на членот на екипажот. Авионот го продолжи својот пат кон Париз“.

Надлежните не ја соопштија причината за срцевиот удар на стјуардесата, но рекоа дека обидите да ја оживеат со дефибрилатор биле неуспешни.

📸

📸