На 31.01.2023 во 17.30 часот на автопатот А1 – штипска клучка, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода С.Ј.(26) од скопско село.

При контрола на патничкото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, на увид приложил бугарска возачка дозвола и лична карта за кои подоцна било утврдено дека се фалсификат.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава.