Уште откако изминатиот викенд младата пејачка Антониа Гиговска објави дека е бремена од својот колега и пријател на нејзиниот поранешен партнер, таа е топ тема во јавноста и медиумите.

Убавата вест дека ќе стана мајка ја откри на нејзиниот 22-ри роденден, а следнииот ден ја објави нејзнината заеднилчка песна со Пајак, „Хабиби“.

Бројните следбеници на Гиговска постојано и праќаат куси видеа каде ги пеат стиховите за многумина „заразна“ песна која те тера да ја пуштиш пак.

Меѓу многуте такви видео каде фановите ја пеат „Хабиби“, се најде и едно од трудничкото секојдневие на Антониа.

Иако не откри во која фаза или недела од бременоста е, но со оглед на тоа дека веќе знаат каков е полот на бебето, веројатно веќе навлегла во вториот триместар.

Искусните мајки, односно трудници, знаат дека не баш секоја бременост е лесна, па така мачнините знаат да бидат присутни и повеќе од очекуваното, апетитот да го има или нема, но и да дојде со одбивност од одредена храна, мириси и слично.

Токму такви проблеми моментално ја мачат идната млада мајка која се поколеба што јадела бурек сабајлечки од што веројатно и станало лошо.

Трудничките денови се пред неа, допорва ќе ги искусува и ќе ги памети и подоцна кога бебето ќе дојде во нејзините раце, но тогаш ќе дојдат и други „маки“, но од оние слатките мајчинските кои се непроценливо богатство и благослов за една жена.

Епа, со лесно!