Српскиот аналитичар Владан Радосављевиќ (62) почина откако го искасале кучиња скитници во Велика Иванча во близина на Малдениовац

Како што пренесува „Новости“, во нападот на кучињата е повредена и неговата сопруга Олга (58), која се обидела да му помогне. Таа со лекари од Итна помош била пренесена во Ургентниот центар и е во тешка состојба.

Имено, како што претходно напиша „Блиц“, три напуштени кучиња го нападнале на улицата Метохијска брдо во Велика Иванча, а тој починал како последица на тој крволочен напад.

Лекарите се обиделе со реанимација, но тоа било неуспешно. Жртвата Радосављевиќ своевремено беше извршен директор на Медиа центарот.