Магдалена Матејиќ од Ниш ја загуби битката со опасната болест. На почетокот на 2022 година, на Магдалена и беше дијагностициран тумор на панкреасот со метастази во црниот дроб.

Таа влезе во борбата онака како што се бореше цел живот и секогаш излегуваше победничка. За жал, нејзиното срце не можеше да ја издржи големата битка што ја водеше со злобната болест и таа почина на 38-годишна возраст.

Магдалена повеќе од една година го држеше под контрола еден од најагресивните малигни тумори, но на крајот ја загуби битката.