Професорка во Мисури, САД, е обвинета дека си_лувалa малолетен ученик во замена за подобри оценки. 26-годишната Лена Стјуарт, која била наставничка во средното училиште Никса во Мисури, била обвинета за две точки за си_лување, се_суален однос со малолетник, се_суален однос со ученик и непочитување на должноста.

Обвиненијата се однесуваат на настани што се случиле во октомври 2022 година. Момчето во тоа време имало 16 години, а во Мисури, законската возраст за согласност за сексуален чин е 17 години.

Останува непознато како излегла на виделина злоупотребата на неговата учителка. Американските медиуми се повикуваат на полициски документи, според кои малолетникот и обвинетата имале се-суални односи во автомобил и во куќата на партнерот на наставничката.

Лена Стјуарт (26)

Жртвата ѝ кажала на полицијата дека професорката Стјуарт бил попустлива со него на часовите и дека не морал да работи напорно за да добие одлична оценка.

Според доказите што се појавија, обвинетата наставничка наводно вршела притисок, а 16-годишникот се плашел да не добие лоша оценка доколку не спие со неа. Според неговото сведочење, тој се чувствувал непријатно да има се_с со својата учителка.

Професорката, како што стана познато, добила отказ минатиот месец. „Ние ги сфаќаме наводите исклучително сериозно и целосно ќе соработуваме со истражителите“, рече портпаролот на училиштето.